Да си вардарец не значи само дена навиваш за некој клуб, туку дека едноставно имаш начин на однесување специфичен и поразличен од другите. Тој те следи низ текот на целиот живот. Вардар е речигија за скопјани за сите оние кои се поистоветуваат со овој клуб.
Вардар има свои хероји. Млади, стари. Од сега, од минатото… тоа се Стефан Ристовски и Методија Спасовски.
Големиот Мето. Нема човек кој што не чул за Вардар, и за Мето Спасовски. Идолот на генерациите кои полека заминуваат. Но Мето е сеуште тука. Да ни е жив и здрав.
А Стефан…. Стефан е херојот на некои нови генерации. На оние кои треба Вардар да го чуваат во времето кое доаѓа. Во негово и во името на сите Вардарци… Минати, сегашни идни.