Младинците против Исланд за враќање на самодовербата пред преселбата во Президент Купот

215
Фото: IHF/https://kolektiffimages.photoshelter.com/

Македонската младинска ракометна репрезентација денеска (14 часот) во Катовице го игра последниот меч од групната фаза на Светското првенство У21. Селекторот Раде Стојановиќ и неговите момци имат два порази (Ф.Острови и Романија), па против Исланд ќе ја бараат првата победа на овој шампионат.

Триумфот ќе биде добредојден за враќање на самодовербата, но истиот нема да го промени патот на Мундијалот. Македонија ќе игра во Президент Купот, а таму ќе вкрсти со екипите три и четири од групата „Е“, а тоа се Мексико и Мароко.

На денешната средба Стојановиќ ќе смета на Димитар Узунчев, чија повреда не е сериозна. Што пак е добра вест, особено ако се знае дека е нашиот најдобар стрелец, а во составот го немаме Дамјан Митев, кој заедно со Самоил Ристевски поради повреди не отпатуваа во Полска.

Исланд ќе биде мотивиран бидејќи има еден бод и се уште шанса за пласман во главната рунда. Треба да ја победи Македонија и да се надева на пораз на Ф.Острови од Романија, и да ја анулира негативата од -9.

ПретходноКФСМ со мега проект: На местото на СРЦ „Кале“ да се изгради модерна Арена!
СледноСадик пред трансфер во АЕЛ Лимасол кај Тричковски