Каква храброст: Во дрес на Бока Јуниорс се појави меѓу фанови на Ривер (ВИДЕО)

150

Навивачкото ривалство помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата е познато како едно од најжестоките во светот на фудбалот, а од САД доаѓа неверојатна сцена од Светското клупско првенство што го потврдува тоа уште еднаш. Еден навивач се осмели да направи нешто што повеќето не би ни помислиле – влезе на трибината резервирана за навивачите на Ривера облечен во дрес на Бока Јуниорс.

Овој потег предизвика шок кај локалните навивачи, а сè беше снимено со камера и набрзо стана вирално на социјалните мрежи. На крајот, навивачот на Бока мораше да ја соблече дресот за да спречи поголем инцидент. Навивачите на Ривер го навредуваа цело време, а набрзо тој ја напушти трибината.

Бока и Ривер учествуваат на Светското првенство – Ривер има четири бода во групата со Интер, Монтереј и Урава по две кола, а Бока има бод во групата со Баерн, Бенфика и Окленд по два натпревари.

ПретходноФК Вардар: Имаме понуди за излезни трансфери, но екипата останува иста
СледноНа нашите одбојкари им е потребна поддршка: Влезот за дуелот со Црна Гора е слободен!