Како резерва на Јамал: “Шведскиот Меси“ доаѓа во Барселона!

462

Иако во преден план е трансферот на Нико Вилијамс, како и можниот ангажман на Маркус Рашфорд, сепак Барселона би сакала да го доведе и „Шведскиот Меси“ или Руни Барџи. Офанзивецот на Копенхаген, би можел да дојде во Барселона за два милиони долари и би бил резерва на Ламине Јамал.

Станува збор за фудбалер кој со потекло од Сирија, роден во Кувајт а игра за репрезентацијата на Шведска, член е на данскиот Копенхаген, и како што велат е исклучително талентиран. Фудбалскиот свет го запозна пред две години кога Барџи на Јунајтед му даде гол за 4:3, за победа на Копенхаген во меч од Лигата на Шампионите. Тој тогаш беше најмладиот играч кој му дал гол на гигантот од „Олд Трафорд“.

После тој меч изјави дека еден ден ќе биде најдобриот фудбалер во светот и дека најголема желба му е да го облече дресот на Реал Мадрид. Сега се преговара за негов трансфер во Барселона, тоа ти е живот, иако „Шведскиот Меси“ секако дека нема ништо против да заигра и за Барселона.

ФОТО: ФЦ Копенхаген/ФБ

ПретходноСКП: Интер во финишот се спаси од срам! Лаутаро и Карбони за победа против Урава! (ВИДЕО)
СледноАртета не може веќе да го чека Парти, во Арсенал доаѓа репрезентативец на Данска!