„На Елмас и Барди не можеш да им ја земеш топката“

1578

Стефан Деспотовски зимоска го напушти Шериф и потпиша за тимот на ОФК Белград, потег кој се покажа како правилен особено ако се земе во предвид дека во меѓувреме доби повик од селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски. Тој добри ги искористи своите минути, имаше успешно деби против Казахстан, меч кој Македонија го доби со 1-0.

Во интервју за „Моцарт Спорт“ тој зборуваше за својата кариера и секако за македонската репрезентација.

„Македонија има одличен квалитет, поголем отколку што луѓето мислат. Го докажавме тоа против Белгија, претходно против Италија кога победивме во Палермо, или против Германија пред четири години во Дуизбург. Тоа е успех за Македонија и се надевам дека така ќе продолжи. Оваа година не сме загубиле. Воопшто немаме порази. Навистина играме на високо ниво и некои играчи ме импресионираа. Прво на сите Елиф, Барди, но и Алиоски и Трајковски. Сите тие имаат сериозни кариери и се на врвно ниво, тие прават огромна разлика во некои ситуации.“

Двајца играчи во македонскиот национален тим се издвојуваат технички. Енис Барди и Елиф Елмас имаат фудбал во рацете.

„Јас сум дефанзивец, го чувам Елиф и едноставно не можам да го чувам. Сè е околу ситниците. Ако ја има топката пред нозете или почне да ве дрибла, мислите дека ќе можете да му ја земете. Тој ми остави силен впечаток, исто како и Барди, поради начинот на кој ја крие топката“, подвлече Стефан Деспотовски.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА. 

ПретходноМакедонија до 16 ќе одигра два контролни меча со Албанија
СледноДо сега невидено: Резервите на Дортмунд од соблекувална го гледаа мечот!