Ал – Хилал прашува за МекТоминеј, Симеоне тргнува по Дибу Мартинез, Гуеи не сака трансфер на „Енфилд“!

83

И денеска интересни информации или шпекулации во светот на фудбалот се лиферуваат од страна на медиумите или “инсајдерите“. Најново е тоа што Ал – Хилал, еден од најдобрите клубови во Саудиска Арабија се распрашувал за можен трансфер на Скот МекТоминеј кој одигра фантастична сезона во дресот на Наполи.

Од Шпанија доаѓа веста дека Јан Облак тешко дека ќе остане во Атлетико Мадрид, па затоа Диего Симеоне како негов наследник го “пикира“ неговиот сонародник Емилијано Дибу Мартинез, официјално најдобриот голман во светот кој се поврзува и со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Од Островот веста дека Ливерпул ќе остане без најавеното екстра засилување во дефанзивата, Марк Гуеи од Кристал Палас. Репрезентативецот на Англија посочил дека не е сега време за трансфер на “Енфилд“.

Претходно„Бомба“ од Минхен: Баерн тргнува по Мартинели!
СледноОбид за грабеж во вилата на Марко Арнаутовиќ!