Закариќ стави параф на нов договор со Вардар

146

Капитенот и еден од најдобрите фудбалери на Вардар минатата сезона, Горан Закариќ, денеска го продолжи договорот со „црвено-црните“ за уште една година.

Неговото останување во Вардар беше најавено, но сега следуваше и формалното потпишување на новиот договор за време на подготовките кои Вардар ги има во Словенија.

Минатата сезона интернационалецот од Босна и Херцеговина одигра 30 натпревари во дресот на Вардар во ПМФЛ постигнувајќи 11 гола и реализирајќи две асистенции. Закариќ постигна еден гол и во Купот.

ПретходноКевин Дурант се договори со Хјустон Рокетс
СледноЈилдиз го реши Видад и му донесе втора победа на Јувентус