Кевин Дурант се договори со Хјустон Рокетс

26

Америчкиот кошаркар Кевин Дурант е нов играч на Хјустон Рокетс, објави познатиот амерички новинар Шемс Чаранија. 36-годишниот кошаркар е трејдуван во замена за Дилон Брукс, Џејлен Грин и 10-ти пик на овогодинешниот драфт.

Феникс Санс беше блиску да го трејдува Дурант во Мајами, но на крајот Хјустон Рокетс успеаа први да стигнат до потписот на супер-ѕвездата. Дурант веќе подолго време е на излезна врата екипата на Феникс, поради лошите резултати кои оваа франшиза ги забележа во оваа сезона.

Трејдот ќе биде официјализиран на 6-ти јули поради една клаузула во новиот договор на Џејлен Грин.

 

ПретходноДо пред некој месец беше тренер на Свонси, а сега работи на аеродром во Бристол!(ФОТО)
СледноЗакариќ стави параф на нов договор со Вардар