Обид за грабеж во вилата на Марко Арнаутовиќ!

62

Како што јавуваат медиумите во Италија, ноќеска се случил обид за грабеж во вилата на Марко Арнаутовиќ.Австрискиот напаѓач со српско потекло, инаку досегашен член на Интер, добил многу лоши вести од покраината Комо во градот Канту.

„Според агенцијата Анса, околу 23 часот двајца крадци се обиделе да влезат во вилата на поранешниот фудбалер на Интер, веројатно не сфаќајќи дека зградата ја обезбедуваат двајца чувари. Имало жесток физички конфликт помеѓу крадецот и еден од чуварите, при што еден од чуварите бил удрен во главата со тап предмет, најверојатно со палка“, објавува „Газета“.

Во тие моменти во вилата присутни биле само чуварите, Арнаутовиќ и неговото семејство во тој момент не биле, што крадците очигледно го знаеле.

ПретходноАл – Хилал прашува за МекТоминеј, Симеоне тргнува по Дибу Мартинез, Гуеи не сака трансфер на „Енфилд“!
СледноКуртоа си кажа, сега на потег е Дон Флорентино: Сакам кариерата да ја завршам во Реал Мадрид!