И официјално, Александар Ристевски најмалку и во следната сезона ќе биде столб на одбраната на Пелистер. Предмалку битолчани на своите социјални мрежи се пофалија дека ја продолжиле соработката со еден од своите најдобри фдбалери.
По назначувањето на Димитар Капинковски за нов тренер, екипирање во раководните структури на клубот, сега доаѓа на ред и играчкиот кадар. Ристевски е првиот со кого се продолжува соработката, а наскоро ќе се објават и засилувањата.
ФОТО: ФК Пелистер/ФБ