Јилдиз го реши Видад и му донесе втора победа на Јувентус

51

Фудбалерите на Јувентус ја совладаа екипата на Видад Казабланка со 4:1 и забележаа втора победа во групата Г на светското клупско првенство.

Резултатот се отвори во 6-тата минута со автоголот на Бутуил, а Кенан Јилдиз со головите во 16-тата и 69-тата минута ја зацементира победата на „старата дама“. Влаховиќ во 94-тата минута постигна пенал, а единствениот погодок за екипата од Мароко го постигна Лорч во 25-тата минута.

Со овој триумф Јувентус се зацврсти на првото место во групата со максимален учинок од два натпревари, додека пак Видад е последен без ниту еден бод. Вториот натпревар од оваа група помеѓу Манчестер Сити и Ал Аин ќе се одигра вечерва во 3 часот по полноќ по европско време.

ПретходноЗакариќ стави параф на нов договор со Вардар
СледноУ16: Успешна контрола и победа над Албанија