Македонската репрезентација до 16 години славеше победа од 2:0 против Албанија на контролен натпревар одигран во Охрид.
Нашата младинска селекција одигра одличен натпревар и сосема заслужено оствари сигурна победа против албанската селекција, која претходно ја совлада силната Швајцарија.
Ристиќ во 46. минута и Спироски во 55. минута беа стрелци на головите за репрезентацијата предводена од Иљами Исејни.
Во првото полувреме, Спироски и Велески беа во шанса за отворање на резултатот, но поуспешен беше гостинскиот голман. Бочевски во 81. минута ја погоди пречката од голот на Албанија. Велески асистираше за водечкиот гол, а Ристиќ додаде за нашиот втор погодокот.
Македонија до 16 години: Димитар Петров, Михајло Павлов, Матеј Бочевски, Филип Ѓорѓиоски, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Илија Аксентиев, Огнен Сивевски, Адриан Велески;