СпортСпорт во Раденци, Огнен Чак Дојчиновски
Попладнево се одржа прием за експедицијата на ФК Вардар од страна на првиот човек на Раденци, Роман Лељак. Истиот беше одржан во Винска фонтана Капела каде Лељак и вардарци се дружеа. Ова беше и своевиден тим билдинг на ФК Вардар, убаво едно опуштање од напорните тренинзи и одиграни пријателски натпревари.
Градоначалчникот Лељак се покажа како извонреден домаќин, секоја чест, токму затоа во знак на благодарноста од нашиот најтрофеен клуб на градоначалникот на Раденци, му беше доделен дрес на ФК Вардар на кој тој и тоа како се израдува.