Ужас во Алжир: Се урна ограда од трибина, едно лице го загуби животот!(ФОТО+ВИДЕО)

37

Ужасна трагедија во Алжир. Едно лице загина, а повеќемина беа повредени откако падна од горните трибини на стадионот, кусо откако МЦ Алжер ја освои титулата во највисоката лига на алжирскиот фудбал по втор пат по ред.
Фудбалскиот клуб МЦ Алжер потврди дека еден од нивните навивачи загинал во инцидентот што се случи на стадионот „5-ти јули“ во главниот град Алжир.
Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изрази сочувство до семејството на жртвата и им посака брзо закрепнување на повредените.
Според извештаите на локалните медиуми, несреќата се случила откако оградата на горната трибина попуштила, а телевизијата Ел Хедаф објави видео на својата Фејсбук страница на кое се гледа како дел од оградата паднал на долниот дел од трибините.
Повредените биле итно префрлени во болница, а фудбалерите, членовите на тренерскиот штаб и администрацијата на клубот МЦ Алжир исто така отишле во болницата за да даруваат крв. Церемонијата на доделување на трофеите беше одложена поради трагедијата.

ПретходноСтруга ТЛ му се заблагодари и на Сава Радиќ!
СледноЈамал играше фудбал во најопасната фавела во Рио (ВИДЕО)