Самарџиев: Гледаме да напредуваме иако момците немаат прволигашко искуство

64
Фото: КФСМ

Горан Самарџиев како неговите избраници го поминаа првиот дел од подготовките на селекцијата „Под 20“ години. Зад нив е едно неколкудневно гостување во Романија, каде младинската репрезентација на Македонија одигра три пријателски натпревари, два против соодветната селекција на Романците и уште еден против нивната селекција „Под 18“ години.

„Задоволен сум од досегашното залагање на момците, бидејќи, и тоа како, се борат за место во тимот. Засега имаме навистина добра атмосфера, и секој ден гледаме да напредуваме се повеќе и повеќе како репрезентација, без разлика на тоа што овие момци немаат, ама скоро никакво, прволигашко искуство“- кратко резимира Самарџиев пред она што следува во текот на оваа работна седмица.

Има уште два контролни натпревари, против младинската репрезентација на Косово.

„Ќе дадеме максимум на секој тренинг и ‘контролите’ кои следуваат, се со цел да се спремиме што е можно подобро за Европското првенство во Ерменија. Секој од нас мора да даде 110 % од своите можности за репрезентацијата и за Македонија“, дополнува предводникот на нашиот младински репрезентативен состав.

Согласно со планираните активности, веќе во среда, во Скопје, поточно во салата на СРЦ „Кале“ (од 17.часот) ќе гостуваат младинците на Косово. А два дена подоцна, во петок, предвидено е гостувањето во Качаник, каде двете репрезентации ќе го одиграат и вториот пријателскки натпревар во средишниот дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван.

ПретходноБомба од Каталонија: Флик доби тинејџер кој го споредуваат со Лионел Меси
СледноСилекс реваншот со Дечиќ ќе го игра на ФФМ!