Ансу Фати оди на позајмица во Монако!

61

Некогаш беше фудбалско чудо од дете што се вели, но кариерата на некогаш мега – талентот на Барселона, Ансу Фати и дефинитивно не оди во правец по кој сите очекуваа, а најмногу тој.

Во минатата сезона, која за Барселона беше одлична, тој ја имаше “десетката“, сите се надеваа дека тоа ќе му даде поттик конечно да покаже што знае, но разочара, токму затоа имаше и мала минутажа кај Ханси Флик.

Сега му е јасно дека мора да си оди, а Барселона е во преговори со Монако да го прати во Кнежеството на позајмица со можност за откуп кога ќе заврши позајмицата.

Последните информации велат дека во текот на оваа недела ќе бидат закажани и лекарските прегледи.

ПретходноСите му се смеат на Винисиус, еве зошто! (ВИДЕО)
СледноМамиќ на прес-конференција побара од претседателот Милановиќ да им додели чин на милост!