Многу малку време му требаше на Марко Ѓорѓиевски за да се запише во листата на стрелците за неговиот нов тим, Клуж.
Напаѓачот кој летово од Силекс замина за Романија, и потпиша за еден од најдобрите клубови таму, денеска на пријателскиот меч против тимот на Слован Братислава, успеа да реализира во последните моменти од мечот, и да ги постави конечните 4:2 на овој меч.
Ѓорѓиевски не беше стартер на овој меч, но тоа не му пречеше да биде еден од најдобрите на овој дуел и веднаш да покаже зошто е доведен.