Мате Перес Винлоф, досегашниот член на тимот на Баерн Минхен, е најновото засилување на тимот на Динамо Загреб. Новата управа на клубот, на чело со Звонимир Бобан, не престанува да го полни ростерот на „Модрите“ со нови имиња, а последното е навистина изненадувачко.
Се работи за лев бек, кој што има перуански корени но е роден во Шведска. Во Динамо пристигнува откако мина три и пол години во Баерн каде што играше за младинскиот состав, за Б тимот, а има и официјален настап за првиот тим.