Мамиќ на прес-конференција побара од претседателот Милановиќ да им додели чин на милост!

95

Познато е дека веќе неколку години некогашниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ веќе неколку години е бегалец од правдата во својатѕа земја, и е во БиХ. Јасно е дека тој и натаму има што да каже на фудбалски и нефудбалски теми, а најмногу за својата ситуација и за своето семејство.

Мамиќ кој некогаш “дрмаше“ со фудбалот во Хрватска, сега јавно на прес – конференција во БиХ, побара од претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, милост:

Не верувам во судот во Осијек и никогаш нема да ја прифатам нивната пресуда. Со целосна свест и одговорност, сакам да му се обратам на Милановиќ – тој е човек, претседател, со карактер, со чесност, адвокат. Го замолувам во мое име и во име на мојот брат да ни додели чин на милост, нам и на нашето семејство. Ви благодарам на сите и ве поздравувам многу! Сакам да им се извинам на сите на кои им наштетив, сакам да имам мир во душата“, заклучи Здравко Мамиќ.

ПретходноАнсу Фати оди на позајмица во Монако!
СледноГарначо со потег кој ги разгневи сите во Манчестер Јунајтед!(ФОТО)