Македонскиот репрезентативец и интернационалец Димитар Митровски и официјално се приклучи на тимот на Олимпија, каде што летово направи трансфер. Поради семејни обврски, поточно свадба, Митровски доби неколку дена плус одмор од вообичаеното, и затоа меѓудругото не беше ниту дел од мечот, против Вардар пред два дена во Раденци.
Митровски по одлично одиграната сезона во тимот на Вараждин, направи супер трансфер во Словенија, во шампионот на оваа земја, и ќе има задача во периодот кој следува да му помогне да влезе во групната фаза од некои од европските натпреварувања, а секако и да биде повторно најдобар во домашниот шампионат.