Пораз и во Президент Куп: И Мароко подобар од македонските младинци

70

Македонската младинска ракометна репрезентација запиша пораз на првиот меч во рамките на Президент Купот, откако беше совладана од Мароко со 30-26 (14-12). Ова е четвртти пораз за нашите момци на Светското првенство, откако претходно групната фаза ја завршија без освоен бод.

Димитар Узунчев беше стрелец на шест гола, по пет имаа Белистојановски и Стојановски.

Во првото полувреме контролата на мечот ја имаше Мароко, во 15-та минута водеше со 7-5, беше и 10-7 во 20-та минута. Раде Стојановиќ и неговите момци не дозволуваа мечот да отиде во непосакуван правец, па пред одморт израмнија на 12-12, но негативата беше 14-12.

На стартот на второто полувреме Македонија отвори со 2-0 (14-14), но не искористи напад за да поведе. На другата страна Димевски доби две минути исклучување, а противникот успеа да реализира за нова предност од два гола (16-14) во 35-та минута.

Младнците дојдоа до ново израмнување 16-16, а Иван Галевски само што застана на местото на Брестовац одбрани пенал, но за жал истиот не беше искористен за водство. При нови минус два, Галевски ја запиша втората одбрана, а Македонија дојде до ново израмнување 18-18 во 43-та минута.

Но, како по некое непишано правило Мароко брзо доаѓаше до плус два, не искористија играч повеќе. Дојде до нова смена на голот, се врати Брестовац. Многуте технички грешки беа повеќе од доволна причина за да противникот дојде на плус четири (24-20) на стартот на 51-та минута. Во самиот финиш Македонија со поагресивна одбрана се обиде да изнуди грешки на Мароко, но ниту тоа не им тргна од рака. На помалку од пет минути до крајот негативата веше пет гола (27-22). Мароко оддолеа на големиот пристиок и дојде до посакуваните бодови.

Веќе утре Македонија игра против Мексико.

ПретходноОФМ: Горан Пандев ти благодариме, се чувствувавме како дома!
СледноБомба од Каталонија: Флик доби тинејџер кој го споредуваат со Лионел Меси