Президент Куп: Младинците против Мароко за посакуваниот прв триумф на СП (ЛИНК)

102

Македонската младинска ракометна репрезентација денеска (11:45 часот) ги започнува натпреварите во Президент Куп. По трите порази во групната фаза од Ф.Острови, Романија и Исланд, селекторот Раде Стојановиќ и неговите избраници против Мароко ќе го браат првиот триумф на Мундијалот за играчи до 21 година.

Противникот пренесе два бода во новоформираната група, исто толку бодови има и Исланд, кој иако славеше против Македонија, сепак тоа не беше доволно за пласман во главната рунда.

Веќе утре ги чека нов натпревар против Мексико (тим кој не пренесе бодови исто како Македонија) 14:00 часот, по што ќе биде познат пласманот во групата 3 од Президент Купот.

Во зависност од резултатите на овие два меча, Македонија ќе одигра уште два за крајниот пласман на ова Светско првенство.

 

ПретходноМоментот кој го одлучи НБА финалето: Халибартон го напушти теренот во солзи (ВИДЕО)
СледноБелингам за она што го чека: Полека губам трпение!