Со најдобриот во составот: Ненад Димитријевиќ ќе ја предводи Македонија!

310

Најдобриот македонски кошаркар на денешницата Ненад Димтријевиќ ќе биде дел од националниот тим за претквалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Димитријевиќ и селекторот Марјан Илиевски имале разговор, а плејмејкерот се согласил да и помогне на Македонија за новите предизвици. Нашата најдобра репрезентација во август ќе игра против Унгарија и Романија, на принципот дома и на гости.

За потсетување после долго време во составот се враќа и Андреј Јакимовски, кој поради настап во НЦАА-лигата не беше во можност да биде дел од репрезентацијата.

Македонија во подготовките за СП 2026 година ќе одигра два контролни меча против Швајцарија во Гевгелија на 25 и на 26 јули.

ПретходноШаховските надежи на ШК Алкалоид со нова жетва на медали на младинското првенство!
СледноРудигер обвини дека го нарекле мајмун, па сакаше да се тепа (ВИДЕО)