Откако неколку години го водеше младинскиот тим на МРК Куманово, искусниот македонски ракометен стратег, Аце Станковски е назнаен за нов тренер на првиот тим на оваа екипа.
Кумановци денеска се пофалија со промените попладнево, со назнака дека досегашниот прв тренер на екипата, Љубиша Димковски е назначен за нов спортски директор на клубот.
Куманово и следната сезона ќе се натпреварува во најсилната ракометна конкуренција, Суперлигата.