Македонскиот младински репрезентативец Теодор Николовски и натаму ќе биде дел од тимот на Работнички.
Како и досега, Николовски и во следните три години, поточно до 2028 година ќе го носи дресот на „Дебармаалци“, решавајќи ги дилемите околу својата иднина.
Играчот за врска кој е изразит левак, имаше само една позајмица одработена во тимот на Осогово од Кочани, а дебитираше за првиот тим на Работнички на многу мала возраст.
За младинските селекции на Македонија има одиграно досега седумнаесет мечеви.