Некогашниот македонски репрезентативец и интернационалец, Стефан Спировски не е повеќе член на тимот на Струга ТЛ.
Клубот предмалку ја информираше јавноста дека му се заблагодарува на Спировски за соработката и дека му посакува се најдобро понатаму. Спировски пристигна како големо засилување минатото лето, на насока на европските амбиции на клубот, но реално не се покажа во вистинското светло. Дури немаше ниту статус на стандарден првотимец.
Дали Спировски ќе продолжи со активната кариера, или пак ќе се одлучи за нешто друго останува да видиме.