Некогашниот селектор, Александар Јончевски во новата кошаркарска сезона ќе го предводи тимот на Атомерун, четирикратен првак на Унгарија и освојувач на Купот на таа земја.
Договорот меѓу македонскиот стратег и унгарскиот клуб е на една година.
Инаку познато е дека довчерашниот предводник на нашиот национален кошаркарски тим, беше и во Полска, на клупата на Сласк.
Во минатото Александар Јончевски бил тренер на МЗТ Скопје, Спартак Суботица, Трепча, Гостивар, Кожув, Башкими…