Предмалку екипата на Атлетико Мадрид успеа да победи во дуелот со Ботафото во рамките од Светското клупско првенство но тоа нема да му донесе на тимот од Шпанија пласман во следната фаза.
Напротив, токму бразилскиот состав е тој кој што со шест освоени бода е втор во групата и оди во елиминациите.
Атлетико вечерва преку голот на Гризман победи со 1:0, но клучен за елиминацијата на момците на Диего Симеоне се покажа високиот пораз во првото коло од 4:0 од освојувачот на првото место во групата тимот на ПСЖ. Тој пак лесно го мина Сиетл вечерва со 0:2.
Па така, токму освојувачот на Лигата на Шампионите со шест бода е прв, а Ботафого кој извојува херојски 0:1 токму против ПСЖ во претходното коло е второпласиран. Атлетико е трет со шест бодови како и првопласираните две екипи но со полоша гол разлика.