Вардар ја пречекува Ла Фиорита на Арената во Скопје на 10 јули од 20:30 часот

338

Освен Силекс, кој својот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе го игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, сите останати, а тука мислиме на Шкендија во ЛШ и Вардар и Работнички во ЛК, своите мечеви како домаќини ќе ги играат на Арената во Скопје.

Инаку и официјално познати се сите термини за сите мечеви на нашите екипи.

Европската сезона ја “отвара“ Шкендија и тоа со првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ и тоа на гости кај ТНС во Велс. Овој меч се игра на 8 јули со почеток од 20 часот. Реваншот се игра на Арената во Скопје на 15 јули исто од 20 часот.

Вардар својот прв меч, во квалификациите во ЛК против Ла Фиорита ќе го одигра дома, на 10 јули на Арената во Скопје со почеток од 20:30 часот, додека реваншот во Сан Марино е закажан за 17 јули во 21 часот.

Силекс, како што веќе објавивме, првиот меч го игра во Црна Гора кај Дечиќ на 10 јули со почеток од 20 часот, а реваншот го игра седум дена подоцна во Скопје на ФФМ од 19 часот.

Работнички својот прв меч и тоа како гостин со Торпедо Белаз ќе го игра во Унгарија, на стадионот Халадаш во Шомботели на 10 јули од 20 часот. Познато е дека УЕФА не дозволува да се играат натпревари во Блелоруисија.

Реваншот клубот од Градски парк ќе го игра на Арената во Скопје на 17 јули од 18 часот.

ПретходноСелекторот на Унгарија го објави списокот за светските претквалификации
СледноСледниот натпревар на Реал на СКП би можел да биде прекинат или одложен!