ЕХФ утре ќе ја скрои судбината на македонските клубови на европска сцена!

430

ЕХФ најави дека утре ќе го соопшти комплетниот список на учесници во Лигата на шампиони за следната сезона. Добро е познато дека актуелниот македонски првак, Пелистер аплицираше за вајлд-карта во ова натпреварување. Покрај битолчани апликации испратија уште и ГОГ, Нант, Кјелце, Пик Сегед, Колстад, Слован, Порто, Кадетен.

„Зелено светло“ од ЕХФ ќе добијат шест тима. Доколку Пелистер биде во тој список во тој случај Вардар 1961 ќе игра директно место во Европска лига, Алкалоид исто бара ап-грејд да биде дел од групната фаза во ова натпреварување на првак на ЕХФ Европскиот Куп, додека пак ГРК Охрид ќе биде дел од шампионатот кој го освоија избраниците на Кирил Лазаров и ќе стартува од второто коло.

Во случај битолчани да добијат негативен одговор за ЛШ, тогаш тие ќе имаат директно место во групната фаза во Европската лига, а Вардар и Алкалоид би играле квалификации за ова натпреварување.

Од имињата кои конкурираа за ЛШ, речиси е сигурно дека вајлд-карта ќе добијат Нант, Кјелце, Пик Сегед и ГОГ. За единственото шесто место Пелистер како најголем конкурент ќе го има Порто, а не се за потценување ниту Кадетен и Слован.

ПретходноРудигер обвини дека го нарекле мајмун, па сакаше да се тепа (ВИДЕО)
СледноЧаби Алонсо: Брзо се адаптиравме на тешката ситуација