Досегашниот голман на тимот на ПСВ Ајндховен, Валтер Бенитез е нов голман на тимот на Кристал Палас.
Освојувачот на ФА Купот ја зголемува конкуренцијата меѓу диреците, иако Дин Хендерсон досегашната „единица“ во тимот, не само што е неприкосноен со минутажата, туку е и еден од капитените.
Бенитез освои две титули со ПСВ и еден куп на Холандија. Претходно играше за тимот на Килмес, пред да пристигне во Европа, поточно во тимот на Ница во 2016. година.