Моментот кој го одлучи НБА финалето: Халибартон го напушти теренот во солзи (ВИДЕО)

153
Фото: Screenshot: X

Во одлучувачкиот, седми натпревар од финалната серија, Тандер ја совлада Индијана Пејсерс со резултат 103:91 и дојде до првата титула од преселбата на клубот од Сиетл во Оклахома.
Иако се смета и титулата на Суперсоникс од 1979 година, навивачите и раководството не ја признаваат како дел од историјата на Оклахома Сити Тандер.

Тајрис Халибартон, лидерот на Пејсерси и еден од најважните играчи оваа сезона, доживеа тешка повреда во само осмата минута од првата четвртина. Влезе во натпреварот со претходни проблеми, но сепак започна како стартер.
При еден дриблинг почувствува силна болка, падна на паркетот и во солзи со помош на соиграчите го напушти теренот.

Набргу потоа од клубот беше потврдено дека нема да се врати во натпреварот, а неговиот татко Џон изјави за ESPN:“Се работи за повреда на Ахиловата тетива.”
Ако се потврди дијагнозата, Халибартон би можел да паузира 10 до 12 месеци.

Во краткото време што беше на теренот, постигна три тројки и уште еднаш покажа колку е важен за ритамот на играта. Индијана тогаш имаше предност и делуваше самоуверено, но неговото излегување драстично го смени текот на натпреварот.
Пејсерс успеаја да се држат до крајот на првото полувреме, но во второто не можеа да го следат темпото на Оклахома.

Оклахома Сити ја запишува најголемата победа во историјата на клубот, предводена од млади ѕвезди и огромно срце на теренот.

ПретходноПроработе машината на Гвардиола: Сити го декласираше Ал Аин, деби гол за Черки
СледноПрезидент Куп: Младинците против Мароко за посакуваниот прв триумф на СП (ЛИНК)