Екипирањето на ФК Пелистер продолжува. Откако на продолжување на соработката потпис стави на Александар Ристевски, денеска уште тројца фудбалери го продолжија договорот со ФК Пелистер, заклучно со јуни 2026 година.
Тоа се фудбалерот за врска Јорданчо Наумоски (25 настапи, еден гол и една асистенција минатата сезона), левиот бек Филип Миленковски (17 настапи минатата сезона) и напаѓачот Јованчо Трајковски (20 настапи, еден гол и една асистенција минатата сезона).
Сите тројца се обврзаа на уште една сезона да бидат членови на битолскиот прволигаш.
Тројцата ќе му се стават на располагање на шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски на 30 јуни кога ФК Пелистер ќе ги започне подготовките за новата сезона, која почнува на 8 август.
Деновиве Пелистер ќе ги објави следните чекори и комплетирањето на ростерот за следната сезона.
ФОТО: ФК Пелистер/ФБ