Селекторот на Унгарија го објави списокот за светските претквалификации

59

Гашпер Окорн, селекторот на сениорската репрезентација на Унгарија го објави списокот на кошаркаи за националниот тим за претстојната втора фаза од претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година.

На списокот на словенечкиот стратег се најдоа вкупно 20.имиња кои ќе бидат во конкуренција за настапи во групата „Б“ во која покрај Унгарија, за место во главните квалификации ќе се борат и нашата репрезентација, односно онаа на Романија.

На листата на словенечкиот стратег се наоѓаат имињата на неколку интернационалци кои играат „надвор“ од Унгарија, како Гиорги Голоман кој е играч на шпанскиот Сан Пабло Бургос, потоа Нејт Руверс, кој е дел од Валенсија, финалистот во шпанскиот плеј-оф, како и  Валерио-Бодон Винсент, кошаркар на италијанска Пистоја.

Во иднина, Окорн смета и на Шомбор Маронка, кој поради повреда нема да биде дел од тимот за августовскиот ФИБА „прозорец“.

Унгарскиот национален тим, како што е наведено на официјалната страница на федерацијата, ќе ги стартува подготовките за четирите средби од претквалификациите на 20.јули, кога се очекува оваа листа да бииде скратена на 15-16 имиња.

Македонија ќе игра со Унгарија прво на гостински терен, на 9.август во Шолнок, а Унгарците ќе ги дочекаме во Куманово, во меч кој е закажан за 20.август.

Двете првопласирани селекции од оваа група, обезбедуваат пласман во наредната квалификациска рунда за Мундобаскетот.

ПОШИРОК СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА УНГАРИЈА

Зилард Бенке (Нуклеар Повер Плант СЕ)

Ботонд Чех (СЗТЕ-Шедеак)

Кристофер Дурази (Егис Керменд)

Стефан Филиповиќ (Алба Фехервар)

Марко Филиповиќ (Алба Фехервар)

Гиорги Голоман (Сан Пабло Бургос, Шпанија)

Норберт Лукаш (Шолнок Оил Минер)

Герг Мелег (НКА Универзитет Печ)

Балинт Мосчан (ДЕАК)

Мартон Молнар (Шолнок Оил Минер)

Тамаш Палаи (Шолнок Оил Минер)

Золтан Перл (Фалко-Шомбатели)

Марсел Понго (Фалко-Шомбатели)

Нејт Руверс (Валенсија, Шпанија)

Адам Сомоџи (Шолнок Оил Минер)

Кристоф Такач (Шопрон КЦ)

Андраш Танох Дез (Фалко-Шомбатели)

Валерио-Бодон Винсент (Пистоја, Италија)

Бенедек Варади (Фалко-Шомбатели)

Давид Војвода (Алба Фехервар)

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
СледноВардар ја пречекува Ла Фиорита на Арената во Скопје на 10 јули од 20:30 часот