Следниот натпревар на Реал на СКП би можел да биде прекинат или одложен!

501

Звучи неверојатно, но така е кога станува збор за САД и СКП. Имено можно е следниот меч на “кралевите“ да биде одложен или прекинат. Реал Мадрид и РБ Салцбург ќе играат натпревар од третото коло од Групата Х на Светското клупско првенство во ноќта од четврток кон петок во 15 часот. Овој се игра на стадионот „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија, а за истиот ден во 21:00 часот по локално време се предвидува дожд, со можност за грмотевици.

Познато е дека протоколот во САД е многу строг во овие ситуации. Во случај на силна бура во близина на стадионот, натпреварот ќе биде прекинат. Ова би значело дека ќе мора да се игра во друго време, со цел да се избегне каква било трагедија. И двата тима се надеваат дека натпреварот ќе може да се игра без никакви проблеми за да не се наруши распоредот во рамките на групата.

Победникот од овој натпревар ќе го заземе првото место во групата пред осминафиналето. Саудиски Ал Хилал има два бода и ќе се надева на победа во дуелот со Пачука за да го фати второто место и пласманот во нокаут фазата.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноВардар ја пречекува Ла Фиорита на Арената во Скопје на 10 јули од 20:30 часот
СледноОфицијално: Пелистер ја прододолжи соработката и со Миленковски, Наумоски и Трајковски (ФОТО)