Енрике го дигна гласот: Не можеме да играме на вакви терени! Топката повеќе се однесува како зајак!

211
фото: Actu Foot (X)

ПСЖ со победа над Сиетл Саундерс (2:0) во последното коло од групната фаза на Клупското светско првенство обезбеди пласман во осминафиналето, каде што ќе се сретне со Интер Мајами. Но, тренерот на европскиот првак, Луис Енрике, по натпреварот беше видно разочаран – не поради играта, туку поради состојбата на терените во САД.

„Сакам да истакнам, и покрај победата, дека состојбата на терените на ова првенство е под секое ниво што е потребно за да се игра фудбал. Тревниците тука се далеку полоши од европските. Топката отскокнува како зајак. Игравме на терен кој претходно бил вештачки, а сега е природен. Тоа значи дека се наводнува рачно и се суши за десет минути“, изјави Енрике.

Тој продолжи со критиките:

„Ова е јасен проблем, а не изговор. На вакви терени, како тие на Клупското СП во Америка, не можеме да играме фудбал на нивото кое го посакуваме. ФИФА мора да обрне внимание на тоа. Не само на стадионите, туку и на терените за тренинг. Не можам да си замислам НБА терени со дупки, а ние овде играме на терени каде топката повеќе се однесува како зајак отколку како фудбалска топка. Ако мораме вака јавно да критикуваме, тоа значи дека нешто мора да се смени.“

ПретходноЛиверпул го продава Дарвин Нуњез, изненадувачка одлука на Уругваецот!
СледноМегаталентот се сретна со Меси: Нозете ми се стресоа!