Новиот прволигаш Арсими доведе засилување во средбиот ред од Камерун. Станува збор за 23-годишниот фудбалер Габриел Јапи Тенлеп, кој минатата сезона го носеше дресот на Воска Спорт.
За Камерунецот настапот во македонското првенство беше прво интернационално искуство. Тој минатата сезона одигра 25 меча за екипата на Воска Спорт.