Андреас Трајковски со супер скок до триумф на европскиот тимски атлетски шампионат

121

Еден од нашите најдобри атлетичари, Андреас Трајковски одлично го отвори европскиот тимски атлетски шампионат трета дивизија за нас. Настанот се одржува во Марибор, Словенија.

Тој во дисциплината скок во далечина кој што му е секако специјалност оствари резултат од седум метри и 83 сантиметри со што и донесе на Македонија прво место во оваа дисциплина.

Се работи за екипно настапување, па Трајковски на нашиот национален тим му донесе 15 поени.

Ова натпреварување ќе трае и утре, а Македонија има 24 претставници вкупно по 12 во двете категории, машка и женска.

 

ПретходноВардар во Раденци ќе го тестира Ворен Чимбембе
СледноПораз на Македонија У15 на вториот меч против Албанија