Белингам ќе оди на операција по враќањето од САД

37

Џуд Белингам по завршувањето на Светското клупско првенство во САД, ќе замине на операција на рамото. Истата е веќе закажана и Белингам веднаш потоа ќе замине и на рехабилитација.

Тоа е проблем кој што неколкупати и самиот Белингам го спомена во своите изјави дека му прави огромно потешкотии.

По самиот оперативен зафат ќе следува период на опоравување, за кој се смета дека ќе трае од три до четири месеци.

Се очекува Белингам да се врати на терените некаде на почетокот на октомври.

 

ПретходноПораз на Македонија У15 на вториот меч против Албанија
СледноОфицијално: Чави Пасквал е нов селектор на Египет