Бенфика го победи Баерн и заврши како прва во групата „Ц“ на СКП

60
фото: FC Benfica (X)

Фудбалерите на Бенфика го совладаа германскиот шампион Баерн (М) со 1:0 во решавашкиот меч за првото место во групата „Ц“ на Светското клупско првенство во САД.

На мечот во Шарлот уште во 13. минута го водивме првиот погодок. Екипата на Бенфика ја искористи првата зрела шанса да го матира Мануел Нојер, откако Орснес асистираше, а Шјелдеруп успеа да ја погоди мрежата од голот на Баварците и да го донес епортугалскиот тим во водство.

Германците притиснаа, но до крајот на првото полувреме не успеаја ниту еднаш сериозно да го загрозат голот на Бенфика. Во вториот дел работите се променија, па Баварците и успеаја да погодат преку Кимих во 61. минута, но по прегледувањето во ВАР собата, голот беше поништен поради офсајд.

До крајот на мечот „лисабонските орли“ не дозволија израмнување и успеаја да го освојат првото место во групата. Баерн (М) со овој пораз завршува како втор пред Бока Јуниорс и Оукленд, чиј меч беше прекинат во 55. минута поради лошите временски услови во Нешвил. До прекинот резултатот беше 1:1.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноТи-Џеј Шортс со 27 поени за прва историска титула на Париз