Вардар во Раденци ќе го тестира Ворен Чимбембе

485

Денеска тимот на Вардар во базата во Раденци, Словенија, каде што ги одработува летните овогодинешни подготовки го игра третиот пријателски дуел. На менито е тимот на Рапид Букурешт, а дуелот стартува во 17:30 часот.

За утре пак, се планира пристигнувањето на уште еден нов играч кој што во јавноста веќе беше најавен.

Се работи за 27. годишниот играч од средниот ред, Ворен Чимбембе, кој што е со статус на репрезентативец на Конго. Тоа е играч кој што е роден во Франција и своите први фудбалски чекори ги има направено во тимот на Троа, а потоа потпишал професионален договор со Мец.

Има одработено една позајмица во Шпанија, во тимот на Мирандез, како и во Франција во тимот на Генгамп.

 

 

ПретходноЕлмас доби нов тренер во Ред Бул Лајпциг
СледноАндреас Трајковски со супер скок до триумф на европскиот тимски атлетски шампионат