Вардар денеска против Рапид Букурешт

206

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар ги „гази“ деновите кои се дел од летните подготовки во Раденци, Словенија. Базата која на „црвено – црните“ им нуди максимално добри услови за работа, и која по се изгледа ќе стане стандард во функционирањето на нашиот најтрофеен клуб.

Вардар веќе одигра два тест дуели во Раденци. Првиот беше оној против Будуќност од Подготица, кој беше добиен со 3:0, а потоа и со шампионот на Словенија, тимот на Олимпија.

За денеска е закажан третиот тест меч, оној против тимот на Рапид Букурешт, кој што ќе стартува од 17:30 часот.

 

ПретходноБорјан Георгиевски ќе биде тим-менаџер на сениорскиот национален тим
СледноИвановски загуби само еден гем за победа во првото коло