Вилијамс и неговиот агент го информирале Атлетик (Б) дека сака да оди во Барселона

81

Нико Вилијамс и официјално заедно со својот агент го информирал својот клуб Атлетик Билбао дека сака трансфер во Барселона.

Крилниот напаѓач разговарал со првите луѓе на клубот од Баскија и им ја пренел желбата за преселба во Каталонија. Баскијците му дале збор дека нема да го спречат 22-годишниот голгетер да си замине, но само под услов да ја добијат целата сума од откупната клаузула во вредност од 62 милиони евра.

Вилијамс и минатата сезона беше на мета на Барселона, но финансиските проблеми го спречија каталонскиот гигант да го реализира трансферот. Прашање е дали Лапорта и ова лето ќе успее да најде пари за целата откупна клаузула на шпанскиот репрезентативец.

ПретходноДарио Ивановски донесе нова победа за Македонија на Европското тимско првенство
СледноДенковски ќе биде нов национален ФИБА инструктор