Елмас доби нов тренер во Ред Бул Лајпциг

188

Можеби со новиот тренер во тимот на Ред Бул Лајпциг, нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе добие поголема шанса и конечно ќе докаже зошто овој клуб воопшто го купи своевремено од Наполи.

Во Лајпциг од денеска главен е Оле Вернер кој што потпиша договор до 2027 година. Тој е доведен со обештетување од вердер Бремен, каде што ги мина последните четири години.

“Оле е млад, прилагодлив и многу амбициозен и ќе го направи следниот чекор во својот развој со нас“, рече извршниот директор на клубот, Марсел Шафер.

„Оле има јасна филозофија за фудбалот. Тој сака неговиот тим да ја има топката во посед, сака брзи транзиции откако ќе му биде одземена топката, неговите тимови притискаат високо, се тактички флексибилни и играат храбро и агресивно“, додаде Шафер.

 

ПретходноПрвиот натпревар на новиот „Камп Ноу“ ќе се игра во август
СледноВардар во Раденци ќе го тестира Ворен Чимбембе