ЖФК Љуботен против првакот на Фарски Острови

31

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, тимот на ЖФК Љуботен својот европски пат сезонава ќе го стартува со дуел против шампионот на Фарски Острови, екипата на Рунавик.

Секако дека за тимот на Љуботен, ова ќе биде огромна шанса за себе промоција на европска сцена, но и за промоција на женскиот македонски фудбал воопшто.

Доколку тетовки го минат овој ривал, тогаш ќе се сретнат со победникот од дуелот помеѓу Славија Софија и Пјунук.

Мечевите се играат на 13 јули односно 2 август.

 

ПретходноЈугослав Тренчовски е нов тренер на Радомље
СледноШто значи вајлд-картата на Пелистер во ЛШ за останатите македонски тимови?