Нов одличен меч на тимот на Вардар на подготовките во Раденци, Словенија. По триумфот над Будуќност на првиот дуел, денеска е забележана втората победа на летните подготовки и тоа против моќниот тим на Рапид Букурешт.
Вардар триумфираше со 1:0, со голот на Горан Закариќ на самиот старт на мечот. Закариќ погоди по одлично одиграната акција, во која на „прва“ без да ја прими топката распали по неа со лева нога и прекрасно покоги во десниот агол на противничкиот гол.
Ваквите удари на Закариќ полека но сигурно стануваат заштитен знак, таканаречена „специјалка“ на „десетката“ на Вардар, кој на овие подготовки во Словенија игра во одлична форма.
Вардар стартуваше во стандардниот состав, оној кој што и го понесе најголемито товар во изминатиот период, а во вториот дел шанса добија повеќе резервисти.