Македонскиот тенисер Калин Ивановски со убедлива победа го почна настапот на ИТФ фјучрс турнирот М15 Загреб, Хрватска. Тој во првото коло на противникот Дин Тарнер од Германија му препушти само еден гем, а мечот го доби со 2-0 во сетови (60 61). Мечот траеше 57 минути.
Ивановски до победата стигна со две серии од по шест гема. Првата серија му беше во првиот сет за водство од 1-0 во сетови, а на стартот од вториот сет противникот освои гем, а потоа следуваше втората серија за Ивановски и со 6:1 во гемвои го освои и вториот сет.
Во следното коло (второ) ќе игра против вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија, кој денеска со 2-1 во сетови (36 75 63) го победи Николо Клаварела од Италија.
На турнирот настапува и Горазд Србљак кој утре (среда) ќе го игра мечот од првото коло против седмиот носител Никита Маштаков од Украина.