Каква „бомба“: Динамо Загреб се засилува со фудбалер на Барселона

280
Фото: Matteo Moretto @MatteMoretto X

Доаѓањето на Звонимир Бобан како прв човек на Динамо донесе бројни промени. Потоа следеше заминување на бројни ѕвезди, како и доаѓање на голем број млади играчи.

Секојдневно се шпекулира за доаѓање на нови играчи на Максимир, а според угледниот новинар Матео Морето, Динамо е блиску до доведување на шпанскиот дефанзивец Серхио Домингез.

„Динамо од Загреб е на еден чекор од доведување на играчот на Барселона, Серхио Домингез“, објави тој.

20-годишниот играч на Барселона е под знак прашалник. Тој дојде преку познатата Ла Масија и има шест настапи за првиот тим на каталонскиот гигант.

Сепак, бидејќи Ханси Флик не смета сериозно на неговите услуги во новата сезона, младиот дефанзивец одлучи да го напушти клубот и сигурно ќе претставува убаво засилување за Динамо.

Серхи Домингез е член на шпанската младинска репрезентација и помина низ сите категории.

Откако Звонимир Бобан пристигна во клубот, Максимир стана многу зафатен. Има многу промени на играчите и „сините“ нема да бидат ни приближно ист тим во споредба со претходните години.

Некогашните македонски репрезентативци и легендите на клубот Аријан Адеми и Стефан Ристовски го напуштија Динамо Загреб.

ПретходноМанчестер Јунајтед ја зголеми понудата за Мбемо
СледноМладинците во нов обид за прва победа, Мексико е противник по мерка (ЛИНК)