Младинската ракометна репрезентација на Македонија не ги исполни очекувањата на Светското првенство У21 кое се одржува во Полска. После четири одиграни натпревари, селекторот Раде Стојановиќ и неговите момци имаат исто толку порази, три во групната фаза и еден во Президент Куп.
По вчерашното ново бледо издание против Мароко, младинците денеска ќе играат против Мексико (14 часот), нова шанса за триумф. Ова е репрезентација која исто така нема победа.
Доколку Македонија успее да слави ќе биде трета во групата и ќе вкрсти со Бразил во битката за пласман од 25 до 28 место, во спротивно ќе се бори да заврши на последното место на овој Мундијал.