На Вардар ќе му суди арбитар од Андора, Грузијци за Работнички, Ерменци за Силекс

104

УЕФА денеска ги објави судиите кои ќе ја делат правдата на првите мечеви на македонските преставници во Конференциската лига.

Вардар во Скопје на 10 јули го пречекува тимот на Ла Фиорита, а главен судија на Националната арена ќе биде Антоан Шиарамонти од Андора. Ќе му помагаат неговите сонародници Сера и Гонкалвес.

Судиите на мечот кој Работнички на 10 јули ќе го одигра во Белорисија против Торпедо ќе бидат од Грузија. Ќе ги предводи Алеко Апциаури, кому ќе му асистираат Варамишвили и Чигогидзе.

На центарот во Црнагора на мечот Дечич – Силекс ќе биде Завен Ховнанисјан од Ерменија. Негови помошници ќе бидат Газарјан и Симонјан.

ПретходноКривањева се врати во Гњилане
СледноЗемјотрес во францускиот фудбал: Олимпик Лион исфрлен во Втора лига!